Тројца се убиени, а убиецот се самоубил при обидот на полициските Алфи да го приведат, денеска околу 10 часот во скопското село Глумово и на улицата Панајот Гиновски на влезот во село Кондово. Полицијата соопшти дека едно лице е убиено во Глумово, а две на улицата Пајанот Гиновски.
Полицијата вели дека убиецот е најверојатно Ш.С. жител на Глумово.
Екипи од МВР се не терен и пристапот до бензинската пумпа на „Макпетрол“ на улица Панајот Гиновски е затворен, а полицијата ги пренасочува колите по околните патишта.
Голем број граѓани се собираат околу бензинската и во селото Глумово.
МВР најави повеќе детали подоцна во денот.