УБК ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВА СИСТЕМИТЕ ДОДЕКА ДА ПРИСТИГНЕ ЕКСПЕРТОТ, СООПШТИ СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    УБК ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВА СИСТЕМИТЕ ДОДЕКА ДА ПРИСТИГНЕ ЕКСПЕРТОТ, СООПШТИ СЈО

    Управата за безбедност и контраразузнавање го одбила барањето на Специјалното јавно обвинителство да дозволи физичко присуство на истражители од СЈО во просториите на УБК се до доаѓањето на надворешниот експерт кој би асистирал при спроведување на судската наредба, со образложение дека УБК гарантира дека опремата и системите ќе бидат обезбедени, соопшти предмалку СЈО.

    „Од наша страна, откако беа прибавени поголем дел од податоците, а со цел целосно спроведување на судската наредба, во текот на вчерашниот ден беше побарано од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање да дозволи физичко присуство на истражители од ова Јавно обвинителство во просториите на Управата се до доаѓањето на надворешниот експерт кој би асистирал при спроведување на судската наредба. Ваквото наше барање не било прифатено, за што денес добивме и писмен допис од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање. Со овој допис бевме известени дека Управата како институција овозможува гаранција дека опремата и системите кои се предмет на наредбата во целост се обезбедени согласно прописите за класифицирани информации и дека барањето не е прифатено и поради почитување на принципите на тајност на функционирање на Управата, вклучувајќи ја и конспиративноста на идентитетот на припадниците на Управата“, соопшто СЈО.

    Од СЈО велат дека одговорноста за обезбедување на опремата и системите, до пристигнувањето на надворешниот експерт, во целост е на товар на Управата за безбедност и контраразузнавање и појаснуваат дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.

    „Воедно ги имаме предвид и гаранциите на Министерот за внатрешни работи, кој во текот на вчерашната вечер, а и за периодот што следува, се до доаѓањето на надворешниот експерт, презеде дополнителни мерки за обезбедување на кругот на Министерството за внатрешни работи, каде е лоцирана и Управата за безбедност и контраразузнавање“, додаваат од СЈО.

    Надворешниот експерт е од производителот на прислушната опрема „Ериксон“, кој е со поголеми овластувања и треба да му помогне на УБК до крај да ја испочитува судската наредба за претрес на компјутерскиот систем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира