УЈП ПОВТОРНО НЕ ИСПЛАТИ ПОВРАТ НА ДДВ НА СИТЕ ШТО СКАНИРАЛЕ СМЕТКИ

    УЈП ПОВТОРНО НЕ ИСПЛАТИ ПОВРАТ НА ДДВ НА СИТЕ ШТО СКАНИРАЛЕ СМЕТКИОд Управата за јавни приходи не добивме одговор на нашите прашања зошто повторно се доцни, ниту зошто е напуштена практиката повратот на ДДВ да се исплаќа до 10-ти во месецот, како што беше кога беше воведен од Владата на СДСМ и ДУИ.(Фото: СДК.МК)

    Управата за јавни приходи (УЈО) повторно не исплати поврат на ДДВ на сите граѓани кои скенирале фискални сметки. Повратот за последното тромесечје од минатата година требаше да се исплати до крајот на февруари. Но, исто како и за минатото тромесечје така и за ова дел од граѓаните добија поврат дури во март, а дел уште не добиле.

    Од Управата за јавни приходи не добивме одговор на нашите прашања зошто повторно се доцни, ниту зошто е напуштена практиката повратот на ДДВ да се исплаќа до 10-ти во месецот, како што беше кога беше воведен од Владата на СДСМ и ДУИ.

    Директорката на УЈП Елена Петрова лани во ноември, кога исто така доцнеше исплатата, рече дека нема никакви пречки и дека граѓаните редовно се исплаќаат.

    „Може да дојде до определени застои кај некои физички лица за кои не е валидна трансакциската сметка што ја поднело лицето, односно технички проблеми кои не зависат од УЈП“, рече тогаш Петрова.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира