УКИНАТ ПРИТВОРОТ НА ЧАВКОВ, СУДОТ ЈА ПРИФАТИ ГАРАНЦИЈАТА

    УКИНАТ ПРИТВОРОТ НА ЧАВКОВ, СУДОТ ЈА ПРИФАТИ ГАРАНЦИЈАТАПоранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на јавна седница на Апелацискиот суд. (архивска фотографија)

    Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата во недвижен имот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и му ја укина мерката притвор, соопшти Судот.

    На Чавков, кој е еден од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април минатата година, му се определени мерки на претпазливост: одземање на патна исправа и обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

    Чавков ќе биде пуштен од истражниот затвор во Шутка по правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, додаваат од Судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира