Украдена е заштитна ограда од првиот надвозник на автопатот од Неготино кон Демир Капија. Ја исекле со бонсек. Додека автопатот се реновира и работи само едната коловозна лента двосмерно, некој “ја реновирал заштитната ограда“.
Од Македонија пат, работна единица Неготино, ја потврдија кражбата која и самите ја имале евидентирано. Оттаму велат дека и претходно имаат регистрирано кражби на патиштата како што се огради, знаци, оградни мрежи кои служат за да не излегуваат животни на патот.
Штом дозволат временските услови, од „Македонија пат“ велат дека на надвозникот ќе биде монтирана нова заштитна ограда.