УНГАРСКАТА ГРУПАЦИЈА 4ИГ ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА ВЛЕЗЕ КАКО НОВ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА

    УНГАРСКАТА ГРУПАЦИЈА 4ИГ ЗАИНТЕРЕСИРАНА ДА ВЛЕЗЕ КАКО НОВ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈАМинистерот за транспорт Александар Николоски ја информираше владата дека е пристигнато писмо со намери од операторот 4iG Групација. (Фото:Влада)

    Унгарската групација 4иГ е заинтересирана да влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и доставила писмо со намери до македонската Влада, соопштија од Владата по денешната владина седница.

    „4iG Групацијата изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на 4iG Групацијата за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан“, се вели во соопштението.

    Од Владата велат дека се со став за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија.

    4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија, а присутна е и на пазарите во Црна Гора и Албанија преку брендот „Уан“.

    Вицепремиерто и министер за транспорт Александар Николоски, на 1 август објави дека во рмките на официјалната посетна на Унгарија се сретнал со претедателот на 4iG Групацијата Гелерт Jaсаи. „Правиме обиди да создадеме поволни услови за да ги намалиме цените за граѓаните“, напиша тогаш Николоски на својот фејсбук-профил .

    На Самитот на НАТО во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека унгарската Влада ќе ѝ позајми на македонската Влада 500 милиони евра, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој тогаш рече дека со Орбан се договориле за „специјална економска соработка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира