УНИТЕТИ ГИ ОСПОРИ ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ПОРАДИ ШЕСТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УНИТЕТИ ГИ ОСПОРИ ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ПОРАДИ ШЕСТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    Отцепената партија од ДУИ, Унитети, пред Уставниот суд го оспори распишувањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември, бидејќи смета дека таа одлука се коси како со Уставот, така и со Изборниот законик.
    Пратеникот на Унитети Зуљфи Адиљи рече дека со оваа иницијатива се оспорува Решението за предвремени парламентарни избори, бидејќи без балансирање на изборните единици, како што рее, се крши Член 22 од Уставот на Република Македонија кој гарантира еднаквост на избирачкото право, како и Член 51 од Уставот. 
    „Со ова решение се кршат и норми од Изборниот законик. Со ова, изборите се антиуставни и незаконски”, рече Адиљи.
    Унитети, сепак, ќе оди на изборите, но целта со оваа иницијатива е да докаже дека оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ дека уште еднаш го крши Уставот и Изборниот законик, со тоа што оставија намерно така во Шестата изборна единица да има огромни отстапувања во бројот на гласачите.
    „Зошто тој гласач од Струмица или од Штип, на пример, да има поголема тежина на гласот на гласачот кој гласа во Тетово, Гостивар?“, праша подносителот.
    Решението, според Адиљи, е да има една изборна единица со отворени листи, но големите партии тоа не го прифатија ни во преговорите Пржино 1, ни во Пржино 2. 
    Тој во оваа прилика ја потсети јавноста дека гласаше за законите на специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира