УПРАВИТЕЛОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ОБВИНЕТ ЗА ФАЛСИФИКУВАНАТА ЛИЦЕНЦА ЗА МЕЃУНАРОДЕН ПРЕВОЗ

    УПРАВИТЕЛОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ОБВИНЕТ ЗА ФАЛСИФИКУВАНАТА ЛИЦЕНЦА ЗА МЕЃУНАРОДЕН ПРЕВОЗОд обвинителството велат дека автобусот кој во ноември 2021 лани изгоре во Бугарија и притоа загинаа 44 патници и шоферот, 20 пати ја поминал македонската граница со фалсификувана исправа. - Полицајци пред канцеларијата на „Беса Транс“ во Скопје во ноември лани (Фото: СДК.МК)

    Скопското обвинителство поднесе обвинение против управителот на „Беса Транс“ за употреба на фалсификуван извод од лиценца за меѓународен превоз на патници. Обвинението е за кривичното дело Фалсификување исправа. Од обвинителството велат дека автобусот кој во ноември 2021 лани изгоре во Бугарија и притоа загинаа 44 патници и шоферот, 20 пати ја поминал македонската граница со фалсификувана исправа.

    „Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

    Во врска со постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, од Скопското обвинителство велат дека ќе ги достават прибраните докази до Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира