УПРАВНИОТ СУД ГИ ОДБИ СИТЕ ЖАЛБИ НА ДУИ, ЌЕ ИМА ПРЕГЛАСУВАЊЕ ВО СЕДУМ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА НА 22 МАЈ

    УПРАВНИОТ СУД ГИ ОДБИ СИТЕ ЖАЛБИ НА ДУИ, ЌЕ ИМА ПРЕГЛАСУВАЊЕ ВО СЕДУМ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА НА 22 МАЈЌе се гласа повторно во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. (Фото: СДК.МК)

    Управниот суд ноќеска ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори во седум избирачки места.

    ДИК претходно донесе одлука за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. Со прегласувањата во овие избирaчки места се загрозени две пратенички места на коалицијата на ДУИ. 

    Техничкиот премиер Талат Џафери на 16 мај обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување, и дека на таков начин се прави обид за изборен инжинеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните.

    Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резултати од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај. 

    Според неофицијалните резултати, на изборите на 8 мај, коалицијата на ДУИ освои 19 пратенички места, едно повеќе од коалицијата на СДСМ. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места, а коалицијата Вреди 13. По шест пратенички места освоија ЗНАМ и Левица.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира