УШТЕ 18 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ДЕВЕТ ОД ПЕРИОДОТ СЕПТЕМВРИ-ОКТОМВРИ, ПОТВРДЕНИ 344 НОВИ СЛУЧАИ ОД 4.926 ТЕСТИРАЊА

    УШТЕ 18 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ДЕВЕТ ОД ПЕРИОДОТ СЕПТЕМВРИ-ОКТОМВРИ, ПОТВРДЕНИ 344 НОВИ СЛУЧАИ ОД 4.926 ТЕСТИРАЊАБројот на активни случаи изнесува 6.967 (Фото: СДК.МК)

    Девет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, а Министерството за здравство пријави уште девет починати од периодот меѓу 7 септември и 4 октомври. Меѓу направените 4.926 тестирања има 344 нови случаи на коронавирус.

    Во изминатите 24 часа починале шест лица од Скопје (41, 57, 68, 79, 80 и 85 години) и по едно од Кавадарци (87), Охрид (80) и Прилеп (86), сите во болнички услови. Согласно Регистерот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште девет починати лица, од кои пет од Скопје и по едно од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Тројца од нив починале во домашни услови.

    Од новорегистрираните случаи, 143 се во Скопје, 33 во Велес, 27 во Куманово, 19 во Штип, 15 во Струмица, 13 во Битола, по 12 во Прилеп и Кочани, 9 во Охрид, 7 во Кавадарци, по 6 во Тетово, Крива Паланка и Кратово, 5 во Македонска Каменица, по 4 во Радовиш, Виница и Крушево, по 3 во Гостивар, Струга и Гевгелија, по 2 во Кичево, Пробиштип и Богданци и по 1 во Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар.

    Регистрирани се 339 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.319.879 тестирања за коронавирус. Вкупната бројка заразени од почетокот на епидемијата изнесува 194.575, од кои 180.791 оздравеле, а починале 6.817. Бројот на активни случаи изнесува 6.967.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира