УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НЕФИ УСЕИНИ ЗА ТЕПАЧКАТА ПРЕД ХОТЕЛ ВО ОХРИД

    УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА НЕФИ УСЕИНИ ЗА ТЕПАЧКАТА ПРЕД ХОТЕЛ ВО ОХРИДСоветникот на ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини и брат му Ибраим е во притвор од 26 август. (Фото: МИА)

    Основниот суд Охрид му изрече мерка притвор од 30 дена, прифаќајќи го предлогот на Основното јавно обвинителство Охрид, кое вчера му поднесе обвинение на советникот на ДУИ за кривичнoто дела Насилство за тепачката пред хотел во Охрид. Мерката притвор е изречена поради постоење можност за бегство. Истата мерка му е изречена и на неговиот брат Ибраим. Двајцата се во притвор од 26 август, откако претходно им беше изречена мерка притвор во траење од 8 дена.

    Браќата Усеини понудија гаранција од 30 илјади евра да бидат пуштени да се бранат од слобода, што беше прифатено до Охридскиот суд, но одбиено од Апелациониот суд Битола.

    Браќата Усеини се гонат за тепачката со охриѓанецот Спире Топаловски, која на 8 август ги пријави во полиција дека пред хотел во Охрид го нападнале и го тепале со пиштол, но потоа тепаниот се премисли и кажа дека му се причинило дека видел пиштол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира