УСТАВНАТА СУДИЈКА ГАБЕР: МОИТЕ ИЗДВОЕНИ МИСЛЕЊА СЕ ЗА ОДБРАНА НА ЦИВИЛИЗАЦИСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

    УСТАВНАТА СУДИЈКА ГАБЕР: МОИТЕ ИЗДВОЕНИ МИСЛЕЊА СЕ ЗА ОДБРАНА НА ЦИВИЛИЗАЦИСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

    Уставната судијка Наташа Габер – Дамјановска своите  издвоени мислења по одлуките на мнозинството во Уставниот суд да не поведат постапка за уставноста на законот за абортус, членови од законот за клевета и навреда, за лустрацијата, изборниот законик, за начинот на избор на тројца пратеници од дијаспората, за денационализација, експропријација, но и за измените на ДУП-от “Долно Водно“ од 2012 година за кои јавноста подоцна слушна во бомбите на опозицијата, ги објави во збирка: “Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности“.

    Збирката од 16 издвоени мислења на Габер-Дамјановска вчера беше промовирана и таа е веќе достапна на граѓаните, студентите по право, професорите…

    Габер – Дамјановска во кариерата како уставен судија рече дека има 40-ина издвоени мислења или несогласувања со одлуките на Уставниот суд, дел од нив пишувани, како што рече, заедно со нејзини колеги уставни судии.

    “Овие издвоени мислења претставуваат патоказ, мапа или дел од правната историја на Република Македонија, која што верувам не смее да се заборави “, рече авторката, според која  Уставниот суд треба да е штит, да го брани граѓанинот од какво било самоволие на власта.

    На промоцијата не дојде претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, ниту останатите четворица уставни судии кои го сочинуваат мнозинството во деветчлениот Уставен суд.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари