УТРЕ АРМИЈАТА НА САД ОД БУГАРИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА, НА ВЕЖБА ЗАЕДНО СО АРМ

    УТРЕ АРМИЈАТА НА САД ОД БУГАРИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА, НА ВЕЖБА ЗАЕДНО СО АРМКако што рекоа претставниците на американската војска на денешниот брифинг, доколку има можност, американската армија со инжинерската опремата што ќе се користи на вежбата, ќе учествува во поправките на локалните патишта околу полигонот Криволак. - Американски и македонски војник на вежба (Фото: АРМ/архива)

    Утре со 6 конвои по 20 возила војниците на армијата на САД преку граничниот премин „Деве Баир” ќе пристигнат во Македонија. Американските војници, заедно со припадници на АРМ, ќе учествуваат на меѓународната вежба “Драгун Гардијан 17”, во рамките на билатералната соработка помеѓу Армијата на САД во Европа и Министерството за одбрана и македонската Армија.

    Вежбата започнува утре и ќе трае до 10 август.

    Предвидени се и активности за дружење на припадниците на армиите на САД и Република Македонија со населението од 6 градови во земјава. На плоштадите во Куманово, Скопје, Штип, Велес, Струга и во Струмица војниците на локалното население ќе им ја презентираат опремата, ќе има фитнес сесии и ќе се организираат натпревари за деца.

    Како што рекоа претставниците на американската војска на денешниот брифинг, доколку има можност, американската армија со инжинерската опремата што ќе се користи на вежбата, ќе учествува во поправките на локалните патишта околу полигонот Криволак.

    На воениот полигон Криволак , покрај израбтока на патека за полетување и слетување за дронови, војниците на САД и припадниците на АРМ, ќе вежбаат и пронаоѓање импровизирани експлозивни направи, ќе се врши обука за заштита од атомско, биолошко и хемиско оружје.

    На вежбата ќе учествуваат 300 припадници на воените сили на САД и 95 припадници на Армијата на РМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира