УТРЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОДИ ВО ПАРКОВИ, ШУМИ И ИЗЛЕТНИЧКИ МЕСТА

    УТРЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОДИ ВО ПАРКОВИ, ШУМИ И ИЗЛЕТНИЧКИ МЕСТАЗабраната за движење е воведена бидејќи утре е неработен Велики петок, и имајќи го во предвид искуството од пред неколку викенди, се очекува голем број граѓани да ги посетуваат парковите, шумите и излетничките места и покрај препораките на Комисијата за заразни болести да се седи дома, да нема групирање на повеќе од двајца и да се држи растојание од 2 метра. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Утре ќе биде забрането движењето во паркови, шуми и излетнички места. Ваквата одлука Владата ја донесе на 13 април заедно со воведувањето на полицискиот час за време на Велигденските празници. Забраната за движење е воведена бидејќи утре е неработен Велики петок, и имајќи го во предвид искуството од пред неколку викенди, се очекува голем број граѓани да ги посетуваат парковите, шумите и излетничките места и покрај препораките на Комисијата за заразни болести да се седи дома, да нема групирање на повеќе од двајца и да се држи растојание од 2 метра.

    За Велигден полицискиот час ќе почне од 16 часот в петок и ќе трае до 5 часот наутро во вторник.

    „Знам дека е сега убаво времето и сите сме навикнати да сме надвор, но сакам да упатам порака дека нема да може така лесно да се врати целиот процес и животот со истиот интензитет, имајќи го предвид искуството на другите земји, секогаш постои ризика за втор пик. Сега е најважно сите да седиме дома и да се придржуваме да препораките на епидемиолозите. Само социјално дистанцијрање ќа даде резултатите во борбата против оваа пандемија“, рече министерот за здравство Венко Филипче на 9 април, кога го најави воведувањето на полицискиот час за Велигденските празници.

    Досега во земјава вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 е 1.08, од кои 46 починаа, а 121 се излечени.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари