Второто полугодие од учебната 2018/2019 година почнува утре, од 23 јануари, соопшти Министерството за образование.
„Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги предвид и препораките на интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие почнува утре и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија“, соопшти Министерството за образование.
Зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта беше продолжен два дена, поради мерките на Владата за ублажување на последиците од аерозагадувањето, кое според системот за алармирање беше забележан во Скопје, Струмица, Тетово, Битола и Гостивар.
Е. БОЧВАРОСКА