УТРЕ ПРОТЕСТ НА СТОМАТОЛОЗИТЕ, БАРААТ НОВ МОДЕЛ НА ФИНАНСИРАЊЕ

    УТРЕ ПРОТЕСТ НА СТОМАТОЛОЗИТЕ, БАРААТ НОВ МОДЕЛ НА ФИНАНСИРАЊЕВо Здравствен дом Битола има поголем број на стоматолози концесионери. (Фото: СДК.МК)

    Стоматолозите кои имаат приватни ординации утре во 12 часот ќе протестираат пред Министерството за здравство, барајќи веќе да нема запишување на матични пацинети, финансирање по пат на капитација, туку воведување нов модел за исплата во стоматолошката здравствена заштита.

    „Досега сме финансирани по пат на капитација и партиципација, односно од пациент Фондот за здравство ни исплаќа по 48 денари. Таа пракса е воспоставена од 2005 година. Од тогаш до сега поминаа 17 години и ништо не е сменето. Почетното финансирање по пат на капитација од 45 денари, покачено е само 3 денари. Во меѓувреме, трошоците на приватните здравствени установи енормно се зголемија. Бруто плати на стоматолошкиот тим и режиски трошоци струја, вода, стоматолошки материјали и опрема. Животниот стандард е покачен. Тоа доведува до оргомна диспропорција во финансирањето и издатоците на една приватна здравствена установа“, вели д-р Жарко Ѓоргиев, претседател на од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, кое е организатор на утрешниот протест.

    Според Здружението, моделот на финансирање по капитација е неодржлив, па бараат фиксен финансиски надомест, не по број на запишани пациенти туку по стоматолошки тим. Тој износ да се определи врз основа на плати и придонеси на стоматолошкиот тим, режиски трошоци и амортизација на стоматолошка опрема. Велат дека ова нема да удри врз џебот на граѓаните.

    „Ние не бараме да бидемне богати, туку плати за да може тимот да опстане. 800 приватни здравствемни установци се на работ на банкрот, колегите со тек на време изгубија доверба во институциите. Има колеги кои сериозно размислуваат да ги заклучат ординациите, се пакуваат да си заминат. Ова не е борба само за опстанок на стоматологија, туку борба за опстанување н високообразовен кадар во Македонија“, додаде Ѓоргиев.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира