ВАКВИ ПРОЕКТИ ЌЕ ГИ ВРАТАТ ДОМА ТИЕ ШТО СЕ ИСЕЛИЛЕ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА РЕКОНСТРУИРАНАТА ОБИКОЛНИЦА ВО КРИВА ПАЛАНКА

    ВАКВИ ПРОЕКТИ ЌЕ ГИ ВРАТАТ ДОМА ТИЕ ШТО СЕ ИСЕЛИЛЕ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА РЕКОНСТРУИРАНАТА ОБИКОЛНИЦА ВО КРИВА ПАЛАНКАОбиколницата во Крива Паланка е во должина од 4,5 километри и е дел од Коридор 8. (Фото: Влада на РСМ)

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка рече дека вакви проекти значат развој на економијата и враќање на иселениците дома. Обиколницата  е во должина од 4,5 километри и е дел од Коридор 8.

    „Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со Коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од Коридорот 8 во Македонија. Целокупното ова инвестирање очекувам да од Крива Паланка ќе направи навистина богат, пристоен град во којшто луѓето ќе бидат среќни, задоволни, ќе се вратат оние коишто ја напуштиле Крива Паланка тука и ќе можат заедно со своите семејства да го продолжат животот тука, нешто што претставува наша консолидирана заедничка владина цел. Луѓето коишто поради оправдани причини ја напуштиле Македонија, ги напуштиле своите домови гледаат сега дека таму каде што отишле, посебно во делот Западна Европа, состојбата не е таква каква што очекувале, мислам дека со вакви инвестиции ќе претставуваат мотив и ќе можеме да ги вратиме луѓето дома и тука да си ја развиваме нашата македонска економија, бидејќи сега е моментот имајќи предвид сите оние случувања коишто не се само во Европа, гледаме и малку пошироко дека светот денеска живее и минува низ едни бурни времиња“, рече Мицкоски.

    Проектот е инвестиција од 1, 2 милион евр, акажа и министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој рече дека  со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целосно го развиваат источното крило на Коридорот 8.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира