ВАЉБОН ЛИМАНИ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА ДУИ ПОБЕДИ НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО ГОСТИВАР

    ВАЉБОН ЛИМАНИ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА ДУИ ПОБЕДИ НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО ГОСТИВАРЛимани освои двојно повеќе гласови од противкандидатот Бејта. (Фото: Фејсбук)

    Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во Општина Гостивар. Според првичните податоци по преброени над 95 отсто од гласовите, Лимани освоил 61,52 отсто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата Влен добил 30,29 отсто од гласовите.

    Изборите во Гостивар се повторија откако претходниот обид пред шест месеци беше неуспешен бидејќи не беше исполнет законскиот цензус, односно на гласање не излегоа една третина од запишаните гласачи. Иако и во овој изборен циклус беше забележана мала излезност, овојпат за изборот на градоначалник немаше услов за цензус.

    Повторено гласање се одржа и во уште три општини. Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски, додека во Општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата на ДУИ, Исен Шабани.

    Во Општина Центар Жупа за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, коj беше и единствен кандидат на изборите во оваа општина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира