ВАНХАУТЕ СО „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“ ГИ УЧИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА ЕТИКА И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ

    ВАНХАУТЕ СО „НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ“ ГИ УЧИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА ЕТИКА И ПРОФЕСИОНАЛИЗАМПитер Ванхауте на обуката на дел од вработените во службите им поделил игра слична на „Не лути се човече“, на која имало наведено различни ситуации и прашања поврзани за Собранието. - Играта на Ванхауте

    Белгискиот експерт Питер Ванхауте на забавен начин преку модифицирана игра „Не лути се човече“ со фрлање коцки ги учеше вработените во Собранието како да ја унапредат работата и го зајакнат професионализмот и етиката.

    Белгиецот Питер Ванхауте беше олеснувач на преговорите меѓу македонските партии во 2015 и 2016 година. (Фото: Фејсбук)

    Вработените во Собранието со кои разговаравме велат дека Ванхауте на обуката им поделил игра слична на „Не лути се човече“, на која имало наведено различни ситуации и прашања поврзани околу функционирање на Собранието, на кои требало да дадат креативен одговор.

    „Фрлаш коцки и на кое поле ќе ти падне, треба да дадеш одговор. Не ја пробавме да ја игравме, бидејќи немаше време, имаше дебати и анализи. Ни ја подели и рече во секое слободно време, паузи, меѓу себе да ја играме, за на забавен начин го унапредуваме нашето искуство“, велат вработените кои учествувале на обуката во Собранието.

    Целта на проектот бил обучување на обучувачи, и зајакнување на професионалноста, работната етика и интегритетот меѓу вработените во Собранието.

    Со проектот требало да се обезбедат повеќе конкретни техники и методи за подобрување на професионалното однесување на собранискиот персонал, а ќе овозможел и увид во начинот на кој можат најефективно да се искористат резултатите од обуките за професионална етика и интегритет.

    Проектот за јакнење на капацитетот на службите на Собранието е поддржан од Холандската амбасада и од Центарот за безбедносни европски студии од Холандија.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира