ВЕ ОХРАБРУВАМ ДА БИДЕТЕ ГЛАСНИ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ПРОСЛАВА НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА

    ВЕ ОХРАБРУВАМ ДА БИДЕТЕ ГЛАСНИ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ПРОСЛАВА НА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТАПремиерот Заев најави дека Владата ќе донесе нов Закон за заштита од дискриминација според меѓународни стандарди - од синоќешното обраќање (Фото:Фесјбук страница на центарот за поддршка на ЛГБ заедницата)

    Премиерот Зоран Заев синоќа најави нов закон за спречување на дискриминација на прославата на петтиот роденден на Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата, во Музејот на современа уметност во Скопје.

    Тој рече дека граѓаните на овие избори застанале зад концептот дека секој е важен и дека Македонија треба да биде држава на сите граѓани.

    „Еден од темелите на демократијата е почитувања на човековите права. Знам дека вашиот Центар беше изложен на поттикнати насилнички напади. Владата ќе донесе нов Закон за заштита од дискриминација според меѓународни стандарди. Ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштита на правата на граѓаните“, рече премиерот Заев.

    Тој даде лична донација за Сигурната куќа на Центарот за заштита на ЛГБТ заедницата, каде се згрижени лица кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради сексуалната ориентација.

    Изминатите години членови на ЛГБТ заедницата беа повеќе пати нападнати. На одбележувањето на двегодишнината на Центарот за поддршка, членови беа нападнати во кафе барот „Дамар“ во старата скопска чаршија. Полицијата ниту еднаш во нападите не препозна дискриминаторски мотиви. Обвинителството нема процесуирано ниту еден случај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира