Вечерва протестот на Шарената револуција ќе биде посветен на јавниот дифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТВ), соопштија од здружението Протестирам.
Маршот вообичаено ќе почне од пред седиштетот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во 18 часот.
„Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на Македонската радио телевизија, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е оттуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“, стои во соопштението на Протестирам.
„Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски. Ќе им порачаме дека МРТВ е на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните!“, пред малку објави здружението Протестирам на својата официјална Фејсбук страница.