ВЕЉАНОСКИ ИМ ДАДЕ ПЕТ ДЕНА ОДМОР НА ПРАТЕНИЦИТЕ

    ВЕЉАНОСКИ ИМ ДАДЕ ПЕТ ДЕНА ОДМОР НА ПРАТЕНИЦИТЕКонститутивната седница ќе продолжи по велигденските празници. - Претседавачот Трајко Вељаноски и пратеникот Амди Бајрам (Фото: СДК.МК)

    Пратениците ќе одмораат пет дена, откако претседавачот на Собранието Трајко Вељаноски го закажа следното продолжение на конститутивната седница за вторник во 11 часот на крајот од денешната расправа.

    И денеска, 12. продолжение на маратонската седница помина без напредок. Собранието останува заглавено на третата точка од дневниот ред за избор на Комисијата за избори и именувања.

    Пратениците повторно дебатираа за тиранската платформа, нови избори, законот за употреба на јазиците, Охридскиот рамковен договор и за правата и за обврските што произлегуваат од него.

    Од 51 пратеник пријавен за збор за точката на дневен ред, остануваат уште 44.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира