ВЕНЕЦИСКА КОМИСИЈА: СЈО ДА НЕ ИСКЛУЧУВА НОВИ БОМБИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:336:"ОбврскатадасепредадатматеријалитеодприслушуванитеразговоринаСпецијалнатаобвинителканетребадагоисклучуваобјавувањетонаматеријалиштозасегааттемиодјавенинтерес

    ВЕНЕЦИСКА КОМИСИЈА: СЈО ДА НЕ ИСКЛУЧУВА НОВИ  БОМБИ

    Скопје, 17 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Венециската комисија смета дека Законот за заштита на приватноста, познат како Закон за бомбите, има легитимна цел, но не содржи соодветен баланс меѓу приватниот интерес и интересот на јавноста да биде информирана. Треба да дозволува објавување на материјали што засегаат теми од јавен интерес со конкретно дефинирани исклучоци, поврзани со јавно изложување на информации за интимниот аспект на приватниот и семејниот живот.

    “Обврската да се предадат материјалите од прислушуваните разговори на Специјалната обвинителка треба да биде појасно изразена, таа обврска не треба да го исклучува објавувањето на материјали што засегаат теми од јавен интерес, а ефикасноста на Специјалната обвинителка треба да се загарантира со одредување соодветен мандат, овластувања, финансирање и тим со кој ќе работи”, е препораката на Венециската комисија во Мислењето за Законот за заштита на приватноста, кое го објави на нејзината веб-страна.

    Во принцип, Венециската комисија препорачува да се направи темелна ревизија на Законот и ги повикува надлежните институции да ги земат предвид следниве препораки:

    “Треба одново да се дефинира какви материјали опфаќа Законот за заштита на приватноста за да се отстранат какви било двосмислености во врска со тоа кои материјали се опфатени со него”, препорачува Венециската комисија.

    Кога пред околу пет месеци беше донесен Законот, партиите потписнички на Договорот од Пржино, се договорија да ги вметнат во него препораките од Венецијанската комисија во рок од 5 дена кога ќе бидат објавени.

    Законот за бомбите беше донесен на 9 ноември, 2015, со одложување на неговата примена во период од шест месеци. Според него, медиумите ќе може да објавуваат само веќе објавени бомби. Секој што поседува нови материјали, ќе треба да ги даде на Специјалната обвинителка Катица Јанева. Нема да смее јавно да ги објавува.

    Забраната за објавување важи и за снимки кои се од приватна природа. Под приватност се подразбира објавување нечии семејни и лични односи, религиска или етничка припадност, политичка припадност или здравствена состојба, кое од медиумите и од експертската јавност беше разбрано како цензура.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира