ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА СМЕТА ДЕКА СВИРКАЧИТЕ НЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:231:"Законотзаукажувачитетребадаседоработи,бидејќисонегонеезаштитеноододмаздаисанкциилицетокоепријавувакриминал

    ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА СМЕТА ДЕКА СВИРКАЧИТЕ НЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ

    Скопје, 17 март 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Венециската комисија смета дека Законот за укажувачите треба да се доработи, бидејќи со него не е заштитено од одмазда и санкции лицето кое пријавува криминал. Според мислењето на Комисијата, објавено на нејзината веб-страна, во Законот не е дефинирано во која мера јавниот интерес е јавен. Треба да се преработи членот 6, затоа што „треба да биде дозволено јавно откривање на информации во случаи кога нема внатрешни и (или) надворешни механизми за откривање, кога не се ефикасни или во случаи кога постои значителен ризик од прикривање на незаконско работење или има ризик виновниците да ја побегнат од одговорноста”.

    Членот 6, препорачува Комисијата, треба да се однесува на општата дефиниција на поимот “јавен интерес” што се содржи во членот 2.

    “Во Законот за укажувачите треба конкретно да се нагласи до која мера и во какви околности јавниот интерес, поради кој се открива информацијата, ја гарантира заштитата на укажувачот од дисциплински мерки (и слични мерки поврзани со работното место), но исто така и заштитата од кривични санкции или правно гонење како граѓанин, што се можни исклучоци на ова правило”, стои во мислењето на Венециската комисија.

    Законот е донесен на 9 ноември, 2015 како резултат на Договорот од Пржино, по долгите меѓупартиски преговори. Партиите прифатија тој да не почне да се применува веднаш, туку по шест месеци. Во меѓувреме, министерот за правда беше задолжен да подготви упатства, односно правилници за: заштитено пријавување во институциите во јавниот сектор, правилник за заштитено пријавување во приватниот сектор и правилник за заштитено надворешно пријавување, бидејќи овој закон го покрива и пријавувањето на организиран криминал.

    Трите Правилници се објавени во Службен весник на осми овој месец, а стапија во сила вчера.

    Фирмите и компаниите кои со акт пристапиле да ја користат процедурата, односно каналот за заштитено внатрешно пријавување во организацијата на здружени правни лица, треба да ги поништат, како што е наведено, интерните одредби со кои се забранува пријавување на сомневање или сознание за казниво дело или друго незаконито или недозволиво постапување, со кое се повредува или загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната. Компаниите треба да ја тргнат дефиницијата дека таквото пријавување се дефинира како прекршување на одредби за доверливост, лојалност и професионалност.

    Според Правилникот за заштитено пријавување во јавниот сектор, раководното лице во сектор или служба во државната и јавната администрација, ќе одредува овластени лица кај кои укажувачот ќе треба да пријави криминал во институцијата. Овластените лица, според Правилникот, нема на тие што ги назначиле на местото да им кажуваат кој пријавил. Ќе мора да го кријат идентитетот и личните податоци на тој што пријавил криминал и корупција во институцијата, министерството, судот, владата, итн.

    Ако пак биде пријавен раководителот, тогаш овластеното лице нема пријавата да ја достави до него, овојпат ќе го прескокне и ќе пријави кај други надлежни институции.

    Во институциите каде нема овластено лице, заштитеното внатрешно пријавување се врши до раководното лице, вели правилникот на министерот за правда Аднан Јашари.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари