Пет автомобили во миг се удрија на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ.
Верижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата.
Се слушнаа 4 секавични удари, се дигна бела прашина од воздушни перничиња. Сите излегоа од удрените автомобили, стојат во редица фатени за глава.
Нема повредени, се чека да дојде полиција.
С. К. ДЕЛЕВСКА