Синџирот супермаркети „Веро“ ќе им ги овозможи сите услови на своите вработени да гласаат на изборите на 11 декември, реагираше компанијата по вчерашната вест дека на денот на изборите ќе спроведува попис.
„ВЕРО“ ЌЕ ПРАВИ ПОПИС НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ
„Веро ќе ги овозможи сите услови со цел вработените во компанијата да можат да го искористат своето право на глас. Без разлика што ќе се изведува попис, вработените ќе доаѓаат на смени, како што е и вообичаено. За тие што ќе сакаат да гласаат во текот на работното време, ќе има организиран превоз, а ќе постои можност и секој индивидуално да отиде до своето избирачко место“, соопштија од „Веро“.
Оттаму велат дека одлуката за пописот е донесена во рамки на годишниот бизнис-план на компанијата, неколку месеци пред изборите воопшто да бидат закажани.