Синџирот супермаркети „Веро“ ги известил вработените дека 11 декември, денот на изборите, ќе биде работен ден и ќе се прави попис, јави „Цивил“. Случајот во „Цивил“ го пријави граѓанка, која се сомнева дека ваквата одлука на компанијата е обид да се спречат вработените да излезат на гласање, бидејќи сите вработени треба да бидат на работа од 6 часот наутро до 19 часот навечер
Од „Веро“ потврдија дека ќе се прави попис на денот на изборите.
„Да, точна е информацијата, меѓутоа, работното време не е тоа, работното време е од 8,30, од причина што е ден на избори. И затоа, малку го поместуваме времето, за некој што ќе сака утрото, од 7 часот, да оди да гласа, да го реализира тоа право, а за тие што нема да бидат во можност утрото, ќе организираме групи во текот на работниот ден. Колку групи ќе бидат потребни не можам да ви кажам, бидејќи не знам колку од нив ќе гласаат пред да почне пописот“, изјави Бојана Николовска од правната служба на „Веро“ за „Цивил“.