ВЕСНА ТОЛЕВА ИЗБРАНА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СУДСКИОТ СОВЕТ, МАЖ Ѝ Е ВОЗАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ, А СИН ИМ Е ВРАБОТЕН ВО ВИШ УПРАВЕН СУД

    ВЕСНА ТОЛЕВА ИЗБРАНА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СУДСКИОТ СОВЕТ, МАЖ Ѝ Е ВОЗАЧ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ, А СИН ИМ Е ВРАБОТЕН ВО ВИШ УПРАВЕН СУДПретседателката на Судскиот совет Весна Дамева, на почетокот сподели резултати од спроведената внатрешна анкета на вработените, на која Толева добила 11 гласа, а Георгиевска - 14 гласови, но анкетата не беше земена предвид при гласањето. (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет денеска за генерален секретар ја избра Весна Толева, чиј сопруг Наце Толев е возач на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

    Толева досега беше в.д. генерален секретар, односно му беше в.д. шефица на сопругот. Сега таа ќе му биде и официјално претпоставена.

    На прашање дали е законски маж и жена да работат во иста државна институција, од кои едниот на функција, претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели има доволно елементи да се оформи предмет и предмет ќе биде оформен. Како и да е, Ивановски вели дека тоа првин не е етички, а дали е законски, треба да се види систематизацијата на Судскиот совет и законите по кои брачниот пар е вработен во Судскиот совет.

    Местото генерален секретар во Судскиот совет е моќна позиција. Таа е информирана за сите огласи за вработувања во судовите.

    Лани во февруари, синот на Весна и Наце, Мартин Толев, бил вработен на местото: Помлад судски соработник во Вишиот управен суд.

    За функцијата имало двајца кандидати, досегашниот в.д. генерален секретар Весна Толева и државниот секретар Јулијана Георгиевска.

    Георгиевска, со шест гласа „за“ и седум „против’, не го доби потребниот број гласови, додека „за“ изборот на Толева гласаа 12 членови на Судскиот совет и еден беше „против“.

    Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, на почетокот сподели резултати од спроведената внатрешна анкета на вработените, на која Толева добила 11 гласа, а Георгиевска – 14 гласови.

    Вработените се чудеа зошто членовите на Судскиот совет не го зеле предвид нивното мислење и гласање во анкетата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира