Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека денеска бил повикан на распит во СЈО за да се зборува за него, место за Зоран Заев и СДСМ. Тој го обвини СЈО дека работи со истечен мандат и ги малтретира граѓаните.
„Наместо да се зборува за она што случува во државата, за она што се зборува за промена на името од страна на Заев, наместо да се зборува за профункционирањето на ветените 100 илјади денари плата за лекарите или 500 евра просечна плата, за скандалозниот договор со Бугарија или пак, да се зборува за двојазичноста која што СДСМ ја промовира во Парламентот, да се зборува за тоа дека јас сум бил повикан во СЈО и дека сум дал изјава како сведок“, рече Груевски откако излезе од СЈО.
Претходно, специјалната обвинителка Катица Јанева соопшти дека е почната предистражна постапка за финансиски криминал поврзан со електрична енергија за земена провизија, а Груевски е викнат како сведок.