ВИКНЕТЕ ГИ СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПРЕМИЕРИ НА ЈАВНА РАСПРАВА, А ОВОЈ ШТО НЕ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ЌЕ СЕ ОБРАТИ ПИСМЕНО, МУ ОДГОВОРИ КОВАЧЕВСКИ НА МИЛОШОСКИ ВО СОБРАНИЕТО

    ВИКНЕТЕ ГИ СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПРЕМИЕРИ НА ЈАВНА РАСПРАВА, А ОВОЈ ШТО НЕ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ЌЕ СЕ ОБРАТИ ПИСМЕНО, МУ ОДГОВОРИ КОВАЧЕВСКИ НА МИЛОШОСКИ ВО СОБРАНИЕТОМилошоски кажа дека му е драго што Ковачевски прифаќа ваква јавна расправа. - Премиерот Ковачевски на денешната седница за пратенички прашања (Фото: К. Попов)

    На седницата за пратенички прашања денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски побара од премиерот Димитар Ковачевски да се сложи во Собранието да дојде тој, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, но и поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот Никола Димитров и други кои го имале в рака Португалскиот предлог за кревање на ветото на Бугарија. Побара да се дискутира и да се спореди тој предлог со информациите за францускиот, кој не ни е доставен како земја која не е членка на ЕУ.

    „Гледам дека целите на јавна расправа во Собранието за овие теми и се согласувам да ја свикате. Но не може селективно да каните, треба да ги поканите сите претходни премиери кои ги носеле процесите за евроинтегративниот процес. Еден не може да дојде, бидејќи е во странство, еве писмено ќе се обрати. Република Северна Македонија не е од вчера, имала повеќе премиери и министри за надворешни работи кои работеле на темата“, одговори Ковачевски, со забелешка дека Никола Груевки е во бегство од затворска казна, па може да напише нешто од Унгарија.

    Милошоски кажа дека му е драго што Ковачевски прифаќа ваква јавна расправа.

    „Тоа и не мора да биде јавна расправа ако сметате дека би се откриле класифицирани податоци. Сепак и да биде, вие ќе одредите што е за јавност, а што не е“, рече Милошоски, со забелешка дека не е намерата тоа да биде циркуз.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира