ВИП ГИ НАГРАДУВА ПРИПЕЈД КОРИСНИЦИТЕ СО 77 АЈФОНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВИП ГИ НАГРАДУВА ПРИПЕЈД КОРИСНИЦИТЕ СО 77 АЈФОНИ

    Вип ќе награди 77 Припејд корисници со по еден ајфон во наградната игра што ќе трае во наредните 11 недели. Секоја недела по седум корисници ќе добиваат по еден телефон.

    Сите корисници на Вип Припејд од денеска со самото надополнување на кредит на својата сметка автоматски стануваат учесници во извлекувањето за ајфон 6с.

    Во наградната игра, еден денар е еднаков на една шанса за добивка или на пример 300 денари се еднакви на 300 шанси за добивка, односно колку повеќе корисникот во текот на една седмица ја надополнува својата сметка, толку е поголема можноста за освојување на наградата, а надополнетиот износ може да го искористи за сите припејд услуги.

    Минималниот износ на надополнет кредит со кој корисниците учествуваат  во наградната игра е 100 денари.

    Добитниците ќе се избираат по пат на случаен избор, а извлекувањето на наградите ќе се одвива секоја среда. Учествуваат сите корисници на Припејд мобилна телефонија кои ја надополниле својата сметка претходниот неделен циклус почнувајќи од 14 ноември до 29 јануари 2017 година.  Добитниците на наградната игра „Надополни и играј за ајфон 6с“ ќе бидат објавувани на официјалната веб страна на Вип.

    Секој понеделник започнува нов неделен циклус, во кој не влегуваат учесниците од претходната недела. За повторно учество во некое од наредните неделни извлекувања, корисниците треба повторно да ја надополнат Вип Припејд сметката за времетраење на друг неделен циклус.

    Повеќе информации за наградната игра можете да прочитате на www.vip.mk или со јавување на 077 1234.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира