ВИП СО ПРОМОТИВНА ПОНУДА ЗА ВАЛЕНТИН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВИП СО ПРОМОТИВНА ПОНУДА ЗА ВАЛЕНТИН

    Вип воведува две промотивни понуди месецов, кога се одбележува празникот на вљубените Валентин. Промоциите се во припејд и постпејд сегментите во мобилната телефонија.

    Со припејд промоцијата, новите корисници добиваат едно пакување со две Вип сим картички со двојно повеќе вклучен кредит, што значи плаќаат само 299 денари за две сим картички со вклучен кредит од по 300 денари.  Дополнително, со активирање на картичките, корисниците добиваат бесплатен неделен пакет со неограничени разговори и смс пораки кон цела Вип мрежа и 200MB мобилен интернет.

    Во постпејд, со тарифниот модел Вип мобајл Л, корисниците добиваат неограничени разговори и смс пораки кон сите мрежи во Македонија, 3ГБ 4Г интернет, како и попуст на двата телефони вклучени во понудата: Ејсер ликвид зест 4Г по промотивна цена од 0 денари и Ел-Џи К8 4Г по промотивна цена од 1.999 денари. Промоција е валидна за нови и обновени линии со договор на 24 месеци најдоцна до 19.2.2017 година, а количините се ограничени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира