ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МЕЏИТИ НАЈАВИ ГРАДЕЊЕ БРВНАРИ-ИНФОЦЕНТРИ НА ШАРА И НА ПЕЛИСТЕР СО НАД 100.000 ЕВРА

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ МЕЏИТИ НАЈАВИ ГРАДЕЊЕ БРВНАРИ-ИНФОЦЕНТРИ НА ШАРА И НА ПЕЛИСТЕР СО НАД 100.000 ЕВРАЗа плановите Меџити на денешната работна средба ги известил директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. (Фото: Министерство за животна средина)

    Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) планира да инвестира во изградба на нови објекти – брвнари-инфоцентри во националните паркови Пелистер и Шар Планина. За ваквите инсвестициски планови вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната работна средба ги известил директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски, соопшти Министерството.

    Министерството вели дека изградбата на новите објекти инфоцентри ќе биде за потребите на јавните установи национални паркови Шар Планина и Пелистер, кои ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди и ќе служат за промоција и за едукација за парковите.

    На Пелистер во таканаречената „Вила на Лазо“, веќе подголго време постои инфоцентар кој служи за промоција на настани и едукативни работилници за планинари.

    Меџити на состанокот информирал дека за да се реализира овој проект, Шар Планина и Пелистер треба да предложат локации, потребните документи како и дозвола за градба, за да да почне процедурата за тендерска набавка и надзор на градба.

    „Согласно годишната програма за природа за 2025 година како и Планот за јавни набавки за 2025, набавката на инфоцентрите-брвнари во Шар Планина и Пелистер достигнува сума од 7.023.305 денари (над 113.000 евра)“, соопшти Министерството.

    Преку програмата за инвестиции МЖСПП ќе го поддржи активностите на сите четири национални паркови со 20.000.000 денари (над 323.000 евра), и тоа најголеми грантови за националните паркови Шар Планина и Маврово во висина од по 6.000.000 денари (околу 97.000 евра), а со грантови од по 4 милиони денари (околу 65.000 евра) за Галичица и за првиот национален прак во државата, Пелистер. Сите грант-проекти се за подобрување на зелената инфраструктура во парковите заради генерирање дополнителени финансиски средства за националните паркови како и кампања и заштита на биодиверзитетот, вели Министерството.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира