ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ПОБАРА ИСТРАГА ЗА ЗАПЛЕНЕТ ПУТЕР

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ПОБАРА ИСТРАГА ЗА ЗАПЛЕНЕТ ПУТЕРНиколовски вечерва се пофали дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски побара целосна истрага и одговорност за запленет путер со поминат рок на употреба. Вечерва, тој на Фејсбук се пофали дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е пронајден и запленет 4,5 тони путер со рок на употреба до 2019 кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје.

    „Производот е повлечен од пазарот. Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност“, вели Николовски.

    Вицепремиерот Николовски вчера соопшти дека Владата е влезена во бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата на сите нивоа.

    Владата на седницата одржана на 8 март одлучи да спроведе едукативна и информативна кампања за справување со корупцијата бидејќи смета дека е „од особена важност е и граѓаните и државната администрација да се мобилизираат во обезбедувањето заштитни механизми и отпор кон корупцијата која го разорува општеството по сите основи“.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира