ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА, ГО ИМЕНУВАШЕ ГОРАН ИВАНОВ ЗА В. Д. ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

    ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА, ГО ИМЕНУВАШЕ ГОРАН ИВАНОВ ЗА В. Д. ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈАДржавното обвинителство претходно денеска соопшти дека Фехми Стафа си поднесува неотповиклива оставка од лични причини. (Фото: Државно правобранителство)

    Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа на денешната седница, откако претходно денеска од Државното правобранителство соопштија дека тој си поднесува неотповиклива оставка од лични причини.

    „Јас, државен правобранител на РМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница“, стои во оставката од Стафа.

    Стафа беше на функцијата од 22 август 2018 година.

    На денешната седница беше именуван в.д. директор на Управата за финансиска полиција. Станува збор за Горан Иванов, кој е вработен во институцијата. Тој доаѓа на местото на Арафат Муареми кој се повлече од функцијата истиот ден кога беше суспендирана шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

    Таа беше суспендирана од Јавниот обвинител Љубомир Јовески додека трае постапката за кривичната пријава што ѝ ја поднесе Муареми во врска со претресот во Финансиска полиција.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира