ВЛАДАТА И „СТАНДАРД И ПУРС“ НА РАЗЛИЧНИ ПОЗИЦИИ ОКОЛУ КИНЕСКИОТ КРЕДИТ ЗА АВТОПАТИШТАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАДАТА И „СТАНДАРД И ПУРС“ НА РАЗЛИЧНИ ПОЗИЦИИ ОКОЛУ КИНЕСКИОТ КРЕДИТ ЗА АВТОПАТИШТАТА

    „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтингот „ББ-/Б“ на Македонија со стабилен изглед, соопшти рејтинг агенцијата. Стабилниот изглед, како што соопшти агенцијата, го одразува балансот помеѓу ризиците од растечкиот јавен, надворешен долг наспроти економските изгледи на земјата.

    Во поглед на долгот, „Стандард и Пурс“ и македонската влада се на различни позиции околу кинескиот кредит од 580 милиони евра за изградба на автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид, бидејќи за разлика од официјалната македонска статистика, рејтинг агенцијата го вклучува задолжувањето на Јавното претпријатие за државни патишта кај кинеската Експорт-Импорт банка во пресметките за владиниот долг.

    „Бавното темпо на фискална консолидација, исто така, води кон растечки должнички обврски во периодот 2016-2019, според нашето гледиште. Владиниот долг, иако се уште релативно низок, се удвои откако почна глобалната финансиска криза и очекуваме да биде околу 45% од БДП во 2016 година. За разлика од официјалната македонска статистика, нашата пресметка за владиниот долг го вклучува растечкиот долг на Јавното претпријатие за државни патишта, кој владата го отстрани од пресметките во 2013 година. Ова е затоа што веруваме дека ЈПДП ќе продолжи да се потпира на трансфери и гаранции од владата. Конкретно, заемот од 580 милиони евра од Експорт-Импорт банката на Кина, договорен во 2013 година за изградба на два автопатишта, ќе продолжи да придонесува за зголемените должнички обврски во наредните години“, се вели во соопштението на „Стандард и Пурс“

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари