ВЛАДАТА ЈА ПРИТИСКА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ДА ДОАЃА ТУКА И ДА ПРАВИ ТОРТУРА ВРЗ ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    ВЛАДАТА ЈА ПРИТИСКА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ДА ДОАЃА ТУКА И ДА ПРАВИ ТОРТУРА ВРЗ ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска треба да се сретне со американскиот дипломат Габриел Ескобар. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека владата откако не успеала да испорача тоа што презела, оди по светот и ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Скопје да прави тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.

    Одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Гази Баба, Мицкоски кажа притисоците нема да успеат и нема да има двотретинско мнозинство во парламентот за уставните измени.

    „Тие одат коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овде во Македонија и ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку ВМРО-ДПМНЕ и врз огромното мнозинство граѓани во Македонија. Но, навистина можам да ги разочарам, такво нешто нема успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред во парламентот, но и претходно кога на комисија се гласаше потребата за уставните измени. И таму беше јасно дека нема двотретинско мнозинство од пратениците“, кажа Мицкоски.

    Мицкоски завчера во Кичево кажа дека светот прави планови и стратегии како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и нивните 44 пратеници да гласаат за уставните измени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира