ВЛАДАТА ЈА УКИНА ОБВРСКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКИ НА ОТВОРЕНО И ДОЗВОЛИ СВАДБИ ДО 100 ГОСТИ

    ВЛАДАТА ЈА УКИНА ОБВРСКАТА ЗА НОСЕЊЕ МАСКИ НА ОТВОРЕНО И ДОЗВОЛИ СВАДБИ ДО 100 ГОСТИОбврската за носење маски на отворено беше донесена од Владата во октомври минатата година. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување рестриктивните мерки за спречување на ширење на ковид-19.

    Од Владата соопштија дека почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања на мерките:

    • Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
    • Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
    • Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
    • Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
    • Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
    • Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина;
    • Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира