ВЛАДАТА ЌЕ БАРА ПРИВАТЕН ПАРТНЕР ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ХИРУРШКИТЕ САЛИ И СПРЕЧУВАЊЕ ПОСТОПЕРАТИВНИ ИНФЕКЦИИ

    ВЛАДАТА ЌЕ БАРА ПРИВАТЕН ПАРТНЕР ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ХИРУРШКИТЕ САЛИ И СПРЕЧУВАЊЕ ПОСТОПЕРАТИВНИ ИНФЕКЦИИПриватниот партнер треба да вложи 16 милиони евра во рок од две години во новиот интегриран систем за стерилизација, да изгради 4 регионални центри, а по 15 години да го предаде системот на државата (Фото: СДК.МК)

    Владата соопшти дека ќе се бара приватен партнер за да го унапреди системот на стерилизација во хирургијата и да се намали ризикот од постоперативни инфекции. предвиденот е јавно-приватното партнерство да трае 15 години.

    „Врдноста на инвестицијата е околу 16 милиони евра, а приватниот партнер ќе биде должен да ги вложи овие средства во период од 2 години, односно околу 35 отсто или 5,8 милиони евра во текот на првата година и останатите 65 отсто или 10,3 милиони евра во втората година од работењето“, соопшти Владата.

    Владата вели дека го почнува процесот на склучување договор за Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции врз основа на одлуката која е донесена неодамна, на предлог на Министерството за здравство по физибилити студијата изработена во декември лани.

    „Со предложениот модел, приватен партнер ќе биде одговорен за финансирање на моделот во четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација на територијата на државата, финансирање на изведба за реновирање и адаптирање на објектите во постојните центри за стерилизација, кои ќе бидат 4 и одбрани како најсоодветни, целосно опремување на регионалните центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обезбедување на персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, нивно редовно одржување и обновување во консултација со докторите хирурзи, обезбедување стерилизиран медицински материјал облека и опрема, третман на медицинскиот и техничкиот отпад од хируршките сали, како и целосно менаџирање и управување со интегрираните услуги за стерилизација согласно прифатени стандарди и протоколи“, соопшти Владата.

    Државата, како дел од јавно-приватното партнерство, ќе има обврска да обезбеди локации со објекти за четири регионални центри, да врши контролата врз обврските преземени од приватниот партнер и контролата и мониторингот над извршувањето на работите, и да го изврши плаќањето за извршената јавна услуга.

    „По истекот на предвидените 15 години, приватниот партнер во целост на јавниот партнер ќе ја предаде развиената инфраструктура, вклучително и целосно опремените четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обновени хируршки сали, нови хируршки инструменти, санитетски возила и софтверскиот ИТ систем“, соопшти Владата.

    Министерството за здравство ќе организира стручна дебата за докторите хирурзи, како и со целокупниот медицински персонал којшто ги извршува хируршките интервенции.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари