ВЛАДАТА ЌЕ ГО СЕРВИСИРА МЕРЦЕДЕСОТ ЗА 27.000 ЕВРА, ЌЕ СЕ ПРОДАВА ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ СУДЕЊЕТО НА ЈАНКУЛОВСКА

    ВЛАДАТА ЌЕ ГО СЕРВИСИРА МЕРЦЕДЕСОТ ЗА 27.000 ЕВРА, ЌЕ СЕ ПРОДАВА ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ СУДЕЊЕТО НА ЈАНКУЛОВСКАБлиндираниот мерцедес платен 570.000 евра ќе се продава откако пресудите за обвинетите во „Тенк“ ќе стана правосилни.(Фото: М. Златевска)

    Владата бара фирма која ќе го сервисира мерцедесот од предметот на СЈО „Тенк“ во период од една година.

    Службата за општи и заеднички работи на Владата објави оглас, во кој се бара фирма која ќе врши сервисирање на возилото и проценетата вредност е 27.000 евра без ДДВ.

    Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Пеце Мирчевски вели дека додека е во нивна сопственост возилото мора редовно да му се врши сервис и поради тоа распишан е тендер.

    Мирчевски додава дека возилото не можат да го продадат додека не заврши судскиот процес за случајот „Тенк“ односно додека пресудите не станат правосилни.

    Мината недела на обвинетите Никола Грувески и Ѓоко Поповски им беа изречени пресудата, односно беа прогласени за виновни. Груевски доби 2 година затворска казна, а Поповски 6 години. Но пресудата сè уште не е правосилна бидејќи тие имаат право на жалба. Исто така не е завршено судењето на обвинетата Гордана Јанкуловска, на која ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризична бременост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира