ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ ИМ ДАЛА 25 МИЛИОНИ ЕВРА НА СИТЕЛ, КАНАЛ 5 И АЛФА ТВ

    ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ ИМ ДАЛА 25 МИЛИОНИ ЕВРА НА СИТЕЛ, КАНАЛ 5 И АЛФА ТВНа 26 февруари 2017, кога Зоран Заев изјави дека со 67 пратенички потписи следниот ден ќе оди кај Иванов да побара мандат за влада, Никола Груевски на интервју на Сител кое го водеше новинарката Славица Арсова побара од граѓаните да не седат дома во папучи. (Фото: принтскрин/Сител)

    Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, им дала 25 милиони на телевизиите „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа ТВ“, во периодот од 2010 до 2017 година, објавиПризма. Податоците се од владината датабаза „Отворени финансии“, која е активна од минатата недела.

    Вкупно, владата на Груевски дала 26,6 милиони евра за рекламирање на телевизиите, но дури 25 милиони отишле кај овие три национални телевизии.

    Најмногу, 10,2 милиони евра државни пари, отишле кај Сител, потоа следува „Канал 5“ со 8,5 милиони евра, додека „Алфа ТВ“ добила 6,3 милиони евра, од кои најголем дел од 2013 година наваму, откако телевизијата ја презема српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

    За истиот период, останатите две национални телевизии „Телма“ и „Алсат“, добиле околу 859.000 и околу 545.000 евра.

    Во 2018 и во 2019 година, кога со власта управува СДСМ и коалицијата, владата и министерствата немаат трансфери кон националните медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира