ВЛАДАТА ПОТВРДИ ДЕКА ДЕНОТ НА ДРВОТО ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВА СЛЕДНАТА ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ВЛАДАТА ПОТВРДИ ДЕКА ДЕНОТ НА ДРВОТО ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВА СЛЕДНАТА ГОДИНА

    Вчерашниот неработен ден, на кој беше спроведена акцијата „Ден на дрвото“, ќе се одработува во текот на следната година, јави агенцијата „Мета“. Ваква одлука донела Владата на седницата одржана на 25 ноември, а конкретниот датум, кога ќе биде одработен вчерашниот ден, ќе биде дополнително утврден.

    „На седницата одржана на 25 ноември 2016 година, Владата донесе одлука 30 ноември 2016 година да биде прогласен за неработен ден и да биде посветен на акцијата „Ден на дрвото“. На истата седница беше утврдено работниот ден за одработување акцијата да биде во текот на следната година и беше заклучено одлуката за конкретниот датум да се донесе дополнително во следниот период. По носењето на конкретната одлука, Владата соодветно ќе информира“, соопштија од Владата.

    Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ вчера предупреди дека одработувањето на акцијата „Ден на дрвото“ е можно да биде на 10 декември, ден пред изборите, што би влијаело на нормалниот тек на предизборниот ден, особено за администрацијата која е вклучена во изборните органи што го примаат изборниот материјал на избирачките места.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира