ВЛАДАТА ПОЗАЈМУВА 7.000.000 ЕВРА ОД МАКЕДОНСКА НАВИГАЦИЈА

    ВЛАДАТА ПОЗАЈМУВА 7.000.000 ЕВРА ОД МАКЕДОНСКА НАВИГАЦИЈАДен откако ја донела Владата одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта испратило до М-НАВ за одобрување краткорочна позајмица, зашто парите биле за него. (Фото:СДК.МК)

    Со одлука што ја изгласала на седница на 14 јули, Владата зема заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ).

    Тројцата директори Владимир Ристески (претседател нa УО на М-НАВ), Милан Кораќ и Фатмир Зимбери, минатиот петок на 17-ти ја потпишале одлуката за одобрување на краткорочна позајмица. Таа треба да се врати до 30.11.2026 година.

    Средствата се позајмуваат без камата.

    Со оглед на тоа дека М-НАВ не позајмува пари, бидејќи нејзините средства се строго наменски и мора да се трошат само за потребите на претпријатието, но и поради тоа дека за секој инвестиција мора да биде известен Еуроконтрол, го побаравме директорот Ристески да ни даде изјава околу овие прашања.

    Но, тој не одговори на телефонскиот повик. Остана неодговорено и дали ЕБОР е известена за позајмувањето пари, од каде што М-НАВ има земено кредит за опремување и модернизација.

    Ден откако ја донела Владата одлуката, Јавното претпријатие за државни патишта испратило до М-НАВ за одобрување краткорочна позајмица, зашто пари му требалe всушност на ЈПДП.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира