ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ОД 30 ДЕНА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ

    ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА ОД 30 ДЕНА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕЧад се ширеше вчера низ Скопје по пожарот во Чучер-Сандево. (Фото: К. Попов)

    Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева по завршувањето на седницата на Владата. Оваа одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.

    „Ова на терен значи се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институции, Армијата, полицијата, противпожарната, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението“, кажа Митева.

    Таа рече дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја заради спречување поголеми последици.

    Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 19 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои:
    aктивни се 11, локализирани 2, изгаснати 9 и еден е под контрола.

    Директорот на дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска кажа дека имало обид намерно повторно да се реактивира пожарот кај Чучер-Сандево, зашто додека пожарникарите го догасувале пожарот нашле фрлени дрвени палети премачкани со бензин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира