ВЛАСТА НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, КАЖА МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

    ВЛАСТА НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, КАЖА МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБАДенеска во Собранието се одржа лидерска средба на парламентарните партии за европските интеграции. (Фото: К. Попов)

    По денешната лидерска средба на парламентарните партии во Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека власта нема мнозинство за уставни измени и поради тоа тој смета дека треба да се распушти парламентот и да се организираат предвремени избори.

    “Нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен след на настаните е парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентарни избори”, вели Мицкоски.

    Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски рече дека сега не е време за нови поделби и ги повика партиите да го искористат моментот.

    “Доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму, се отвораат кластерите, без потреба од нова одлука и без можност за нова блокада од Бугарија. Треба да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент и атмосфера која ја има во ЕУ во наша полза. Треба да сме свесни дека живееме во турбулентен политички, економски и безбедносен период. И да препознаеме дека сега имаме отворена врата и сега имаме подадени раце од нашите партнери”, изјави Ковачевски по средбата.

    Уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот се услов да продолжат пристапните преговори со ЕУ по завршување на скринингот кој е во тек и треба да заврши во ноември следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира