ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ДОГОВАРААТ ЗА ДИК, ПРОБЛЕМ Е КОЈ ЌЕ ВЛЕЗЕ ОД ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ НА АЛБАНЦИТЕ

    ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ДОГОВАРААТ ЗА ДИК, ПРОБЛЕМ Е КОЈ ЌЕ ВЛЕЗЕ ОД ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ НА АЛБАНЦИТЕСпоред измените на Изборниот законик, ДИК ќе има седум членови, од кои претседателот и двајца членови на ДИК ќе бидат од опозицијата, а тројца од власта. Мандатот ќе биде шест месец; - Последниот состав на ДИК (Фото:СДК.МК)

    Во собраниската Комисија за избори и именување пристигнале пријави на четириесет и еден кандидат на конкурсот за членови на Државната изборна комисија (ДИК). Меѓу кандидатите се  и поранешни функционери и членови на администрацијата. Пријавени се и Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК од СДСМ, поранешниот пратеник на СДСМ сега вработен во ДИК Јанаќе Витановски, поранешната директорка на Комисијата за хартии од вредност во времето на ВМРО-ДПМНЕ Марина Наќева-Кавракова, поранешениот член на Лустрациската комисија Чедомир Дамјановски, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Карапетрова и Оливер Дерковски, поранешен пратеник и  директор на Македонски железници- Транспорт.

    Неофицијално, Дерковски треба да биде претседател на ДИК кој го предлага опозицијата, а член од ВМРО-ДПМНЕ е Карапетрова. Меѓу пријавените е и Ермира Асани Салија, која беше во актуелниот состав на ДИК како кандидат на Движењето Беса пред да си дадат оставка.

    Од СДСМ и ДУИ засега нема информации кои се нивните кандидати за членови на ДИК, а за едниот член треба да се договорат Алијансата за Албанците која е опозициска партија, и  Движеето Беса од тетовското крилото на Билал Касами.

    Собраниски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека сега треба партиите да седнат и да ги договорат членовите. Официјално, никој од партиите не сака да зборува дали се договориле за составот на ДИК.

    „Ако се договорат партиите, тогаш в понеделник може да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања, бидејќи во вторник има пленарна седница. Но, уште нема ништо конкретно. Проблем може да биде ако Зијадин Села и Билал Касами не се договорат кој ќе влезе во ДИК“, велат партиски извори од мнозинството.

    Власта и опозицијата се договорија ДИК да добие привремен состав со мандат од шест месеци, додека до октомври да се договори новиот начин на функционирање.

    Според измените на Изборниот законик, ДИК ќе има седум членови, од кои претседателот и двајца членови на ДИК ќе бидат од опозицијата, а тројца од власта. Мандатот ќе биде шест месеци.

    Претседателот и потпретседателот на Комисијата ќе се избираат од членовите на ДИК и функцијата ќе ја вршат професионално. Комисијата треба да се избере во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон за време од шест месеци.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира