ВЛАТКО ЃОРЧЕВ СЕ ПРИЈАВИ НА ОГЛАСОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

    ВЛАТКО ЃОРЧЕВ СЕ ПРИЈАВИ НА ОГЛАСОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31 јануари. - Влатко Ѓорчев на собраниската говорница (Фото: СДК.МК)

    Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека се пријавил на огласот за претседателски кандидат на неговата партија.

    ВМРО-ДПМНЕ на 4 јануари објави јавен повик за пријавување кандидатури за избор на претседател на државата за претседателските избори напролет, а кандидатот за претседател од опозициската партија ќе биде избран на 16 февруари на партиска конвенција во Струга. Рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31 јануари.

    Претседателскиот кандидат ќе го бираат 550 делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ со тајно гласање. За избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира