ВЛЕН ЈА ИСКАРА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ШТО НЕ ГО ЗНАЕЛА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО „ПОВЕЌЕЈАЗИЧНА СРЕДИНА“

    ВЛЕН ЈА ИСКАРА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ШТО НЕ ГО ЗНАЕЛА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО „ПОВЕЌЕЈАЗИЧНА СРЕДИНА“Додека вчера Касами одговараше на новинарските прашања на албански јазик, министерката неколку пати го прекина за да побара комуникацијата да има превод на македонски јазик. (архивска фотографија)

    По реакциите на министерката за образование Весна Јаневска во неделата на панел-дискусија во Тетово, за упатените прашања и одговори на градоначалникот Билал Касами на албански јазик, без превод на македонски, ВЛЕН – коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ја нарече министерката фрустрирана.

    Преку соопштение со наслов „Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација“, ВЛЕН ја искара Јаневска што не знаела ни збор албански, во мултинационална средина.

    Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование Весна Јаневска во два или три наврата изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово Билал Касами со новинарите од медиумите на албански јазик. Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик. Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции“, напишаа од „Вреди“, од каде сметаат дека „почитувањето на јазиците што се зборуваат во оваа земја е почитување на граѓаните и на самата држава што ги обединува“.

    Во неделата, додека Касами одговараше на новинарските прашања на албански јазик, министерката неколку пати го прекина за да побара комуникацијата да има превод на македонски јазик, бидејќи, како што рече, дури и оние што не знаат албански јазик треба да разберат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира