ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО БОЈКОТИРА СОБРАНИЕТО ОТИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА ЌЕ СЕ РАТИФИКУВА ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

    ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО БОЈКОТИРА СОБРАНИЕТО ОТИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА ЌЕ СЕ РАТИФИКУВА ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКАПоранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски вели дека бојкотот засега е само за оваа седница, а за понатаму ќе одлучат партиските органи. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кажа дека пратеничката група на негова партија и коалициските партнери нема да учествува во работата на Собранието, бидејќи, како што кажа на денешната прес-конференција, договорот со Грција се ратификува по скратена постапка, на недемократски начин, со кршење на Уставот, законите и процедурите.

    „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја напушти работата на Собранието. Нема да бидеме соучесници во носењето на штетни договори за Македонија, а истовремено тоа се прави на недемократски начин со кршење на Уставот и законот“, изјави Милошоски.

    Тој праша како договорот со Бугарија е различен за да нема европско знаменце.

    „Тој договор со Бугарија и таа земја членка на ЕУ не одеше по скратена постапка, а договорот со Грција оди по скратена постапка. Оваа власт не е спремна да ги почитува правните норми на Собранието“, рече Милошоски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира