ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОРГАНИЗИРА НАРОДНИ СТРАЖИ ЗА ИЗБОРИТЕ

    ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОРГАНИЗИРА НАРОДНИ СТРАЖИ ЗА ИЗБОРИТЕПоранешниот министер за образование е претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ. - Спиро Ристовски на денешната прес-конференција за изборите (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Претседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски најави дека партијата ќе организира народни стражи, кои, како што тој ги нарече, ќе бидат гарант на демократијата и граѓанската волја.

    „Во отсуство на реакција од страна на државните институции ние како партија ќе се саморганизираме со народни стражи – гарант на демократијата и граѓанската волја. Тимови од ВМРО-ДПМНЕ се на терен и сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес ќе ги документираат“, изјави Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.

    Тој ја обвини власта дека за време на изборната кампања се случиле сериозни нарушувања и опструкции на изборниот процес, „фрлајќи темна дамка на демократскиот амбиент кој е важен за спроведување на изборите“.

    Во недела ќе се одржи првиот круг од локалните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира